ОРЛ Јаневски — Специјалистичка Ординација за Уво, Нос и Грло

Во ОРЛ Јаневски нудиме современа, брза и прецизна дијагностика и третман за сите состојби поврзани со увото, носот и грлото. Со примена на модерна медицинска технологија и индивидуален пристап кон секој пациент, обезбедуваме врвна здравствена заштита за сите генерации.

Услуги и дијагностика

Основен оториноларинголошки преглед

Основниот ОРЛ преглед овозможува проценка на состојбата на ушите, носот и грлото и претставува прв чекор кон поставување точна дијагноза. Прегледот вклучува: * Отоскопија – преглед на ушната школка и надворешниот слушен канал со помош на отоскоп. * Тимпаноскопија – преглед и процена на тапанчето (тимпаничната мембрана). * Предна риноскопија – преглед на носниот вестибулум и носните ходници. * Орофарингоскопија – преглед на усната шуплина и грлото.

Испирање и отстранување на туѓи тела

Изведуваме испирање и отстранување на туѓи тела од увото, носот и грлото, во зависност од потребите на пациентот и проценката на лекарот.

Тимпанометрија

Тимпанометријата е брз, безболен и неинвазивен дијагностички преглед со кој се проценуваат подвижноста на тапанчето и функцијата на средното уво. Прегледот може да помогне при откривање на течност зад тапанчето, нарушена функција на Евстахиевата туба, воспаленија на средното уво, перфорација на тапанчето и други состојби. Испитувањето трае само неколку минути и може да се изведува кај деца и возрасни.